Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Запалете свеќа за мртвите: Се празнува Задушница

Православните верници во петок i сабота ја одбележуваат Задушница или ден на мртвите, односно на овој ден сите што имаат блиски починати уште од рано утро ќе ги посетат нивните вечни почивалишта и ќе им оддадат почит.

Се пали свеќа, се пее гробот и се раздава храна за душата на починатиот. Се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња. Со сеќавање на починатите, нивните блиски се молат тие да им ги простат гревовите што им ги направиле додека биле живи.

Црквите утрово служат парастос, а потоа верниците ги посетуваат гробовите на најблиските. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден гори до следната Задушница, а доколку тоа не се направи, починатите ќе бидат во темница цела година.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК