Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Времето од недела се менува – Спремете се за невреме

Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, но врнежите нема да бидат пообилни. Во следниов период максималните температури ќе бидат во благо опаѓање.

Утре ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9

Прогноза за 16.06.2019
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 28°С до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд. УВ=9

Прогноза за 17.06.2019
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне со појава на локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 18.06.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови со појава на локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК

Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК