Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маж тешко повреден во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Четириесетиосумгодишен маж е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која вчера се случила на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атарот на селото Арнакија.

Несреќата се случила помеѓу возилото „Форд ескорт“ со кое управувал сега повредениот С.Р. и автомобил „Опел Астра“ кој го напуштил местото на настанот.

Во незгодата со повреди С.Р. бил пренесен во Градскат општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ – Осомничени за малтретирање малолетник во Охрид, најавени суспензии

ДЕСК

ЗАКАНИ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН – 41-годишник од скопско пријавил случај во полиција

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – 42-годишна жена пријавила физички напад

ДЕСК