Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема датум за преговори, а Заев со лаги ја пустоши државата

Република Македонија, за жал, не доби датум за почеток на преговорите овој јуни, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи го исходот од средбата меѓу премиерот Заев и германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска се одржа во Берлин.

Според партијата, во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал, не се спомнува датум за почнување на преговорите за членство во ЕУ.

„Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека сè додека Зоран Заев е на власт, Република Македонија ќе трпи неуспеси.

„Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека тие како партија ќе продолжат да работат за добивање датум за почеток на преговорите бидејќи граѓаните и државата не смее да бидат казнети и да трпат последици поради нечија неспособност.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК