24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велес: Прегазено деветгодишно дете на “Белградска”

На 12.06.2019 во 19 часот на улица „Белградска“ во Велес, патничко возило „Шевролет Спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(54) од Велес, удрило во деветгодишно дете од Велес.

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.