Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим за Задушница во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

По повод верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден, 14 јуни, како и во деновите од викендот, 15 и 16 јуни, во периодот од 6 до 16 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улица Александар Урдаревски во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул. Боца Иванова и излегување на ул. Александар Урдаревски.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул. Црногорска , а на гробишта „Камник“ по ул. Јужноморавски бригади и ул. Роман Каскалиевиќ “.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: Со годишните програми училиштата се задолжени да работат со учениците против врсничкото насилство, така активно се бориме против оваа појава

ДЕСК

Велковски: Ја зајакнуваме координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите од семејно насилство

ДЕСК

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ВО ФОКУСОТ – Најавени 123,8 милијарди денари за пензии

ДЕСК