Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца албански државјани осомничени за трговија со марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничените во вторникот се движеле со автомобил „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Република Албанија. При рутинска контрола од страна на полициски службеници возилото било сопрено, при што во багажниот дел бил пронајден ранец во кој имало најлонско пакување со 1,7 килограми марихуана. Осомничените ја внеле дрогата во Република Северна Македонија преку граничниот премин Блато – Дебар со намера да ја продадат на купувачи од Гостивар.

Судот им определи притвор на осомничените во времетраење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +