Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим за Задушница во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

По повод верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден, 14 јуни, како и во деновите од викендот, 15 и 16 јуни, во периодот од 6 до 16 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улица Александар Урдаревски во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул. Боца Иванова и излегување на ул. Александар Урдаревски.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул. Црногорска , а на гробишта „Камник“ по ул. Јужноморавски бригади и ул. Роман Каскалиевиќ “.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК