Centar.mk
КУЛТУРА

„Икс Денс“ на 17. и 18. јуни во МНТ

Класичен балет, современ танц, неокласика, карактерен танц, модерен и спортски танц ќе бидат застапени на „Икс Денс“ 2019, меѓународен натпревар во кореографија кој ќе се одржи в понеделник и вторник, 17. и 18. јуни во Македонскиот народен театар во Скопје.

Натпреварот започнува во понеделник од 12 часот. Ќе земат учество балетски уметници и танчери од Русија, Англија, Италија, Финска, Израел, Украина, Таџикистан, Босна и Херцеговина и Македонија.

Претседател на реномираното меѓународно жири на „Икс Денс“ е легендата на рускиот балет, Борис Акимов од театарот „Бољшој“ од Москва. На најдобриот учесник ќе му биде доделена наградата Гран При, парична награда од 1.000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.

Публиката ќе може да ужива во највпечатливите кореографии и прекрасни костими на Гала концертот, кој ќе се одржи во вторник, во МНТ од 19 часот.

Влезниците за натпреварот и за Гала концертот се во продажба онлајн и на билетарата на МНТ по цена од 200 денари.

Можеби ќе ве интересира

Утре ќе биде промовиран „Немам страв“ – психолошкиот трилер што отвора ново поглавје за современата македонска книжевност

ДЕСК

Утре ќе биде промовирана монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

ДЕСК

„Читаме денес за подобро утре“ – прва ваква зелена акција на издавачка куќа во Македонија

ДЕСК