Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Државната фитосанитарна лабораторија ќе работи и в сабота

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека поради зголемениот обем на работа и извоз на коскесто овошје на пазарите во Европската Унија и во Руската Федерација, а во интерес на земјоделските производители и откупувачи, Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) при МЗШВ ќе работи и в сабота, на 15.06.2019 година, но само за анализи за испитување на габата Monilinia fructicola кај коскесто овошје.

Доставувањета мостри за испитување на присуство на габата Monilinia fructicola ќе може да се направи во периодот од 8:30 часот до 13:00 часот во Државната фотосанитарна лабораторија. Државната фитосанитарна лабораторија работи согласно акредитираните методи, односно протоколите на Европската медитеранска организација за заштита на растенијата, при што добиените резултати се веродостојни и прифатливи за извоз.

Резултатите од лабораториските анализи од ДФЛ ја пратат пратката од коскесто овошје при извоз на рускиот пазар и се важни особено во овој период кога е зголемен извозот на коскесто овошје.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК