Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Да се продолжи со реформи и работа

Демократскиот сојуз смета дека независно од одлуките на Советот на Европската Унија за почеток на разговорите за влез во ЕУ, Македонија треба да продолжи со реформите и имплементација на европските стандарди, бидејќи тоа е од интерес на сите граѓани.

Според партијата, јакнењето на демократските капацитети на институциите, слободата на медиумите, стабилноста и правната сигурност се курцијални за иднината на државата.

„Преспанскиот договор, како и договорот со Бугарија, не треба да се клучни предуслови за интеграција во ЕУ, туку реформите и постигнатите резултати, но ЕУ инсистираше на разрешување на отворените прашања со соседите и тие наши отстапки мора да ги вреднува и валоризира“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз оценува дека започнатата постапка за прием во НАТО и реформските процеси ја обврзуваат Владата да работи со целосен капацитет, а вонредни парламентарни избори по самитот на НАТО закажан за крајот на оваа година во Лондон.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК