Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени двајца државјани на Албанија кај кои биле најдени 2 килограми марихуана

На регионалниот пат Дебар – Маврови Анови полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница ги уапсиле Е.Л.(18) и Е.Ч.(33), двајцата од Република Албанија.

При преглед на нивниот автомобил „мерцедес“ бил пронајден и одземен ранец со околу два килограми марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК