Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ФОТО: Богоевски вака си замина од Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ги констатираше оставките на пратеникот Павле Богоевски и пратеникот во бегство Никола Груевски.

На денешната седница беше констатирана оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на Груевски.

– „Одговорност се поднесува лично и храбро и со крената глава пред тие кои те избрале, а не кукавички и во бегство и криејќи се зад диктатори со слични уверувања“, рече Богоевски кој ја поднесе оставката по скандалот со снимката за која тврди дека нарачувал масло од канабис.

Богоевски објави и фотографија со пратеничката група на Фејсбук.

Во тренд…