13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

“Каква е поуката од бегството на Груевски, Го имате Камчев си се шета надвор од Македонија” – Оливер Спасовски “распали” на ТВ 24

– Тогаш кога ќе има доволно информации кои ќе потврдат за начинот на кое што се случило тоа бегство. Ќе излезе Јавното обвинителство кое што ја води истрагата. Сите тие истражни дејствија кои што беа посочени да бидат превземени од МВР да се обезбедат изјави, соопшти министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

– Информацијата на пример дека Груевски во септември ги вади парите во кеш, тоа треба да биде индикација на обвинителството за да може да бара мерка притвор, тие биле отстапени на обвинителството заедно со управата за разузнавање.

Самиот факт дека некој бил на висока државна позиција кој што има огромен пристап до финансиски средства до луѓе до врски во светот е една од индикациите е дека може да биде човек што ќе ја напушти државата. Што е поуката од сето тоа, го имате Камчев си се шета надвор од Македонија, го имате Мијалков, ги имате и да не ги редам уште кои други кои што апсолутно со одлуки на судот на обвинителството денеска се слободни, рече Спасовски.

Спасовски рече дека имал поддршка и логистика и од Македонија.

Министерот Спасовски вели дека не чувствува одговорност.

– Не му побегна Груевски на Оливер, ниту на МВР. Во оној момент кога ќе имаше налог Груевски да биде следен, да биде чуван во куќен притвор, тогаш ќе носи МВР одговорност, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека доколку полицијата незаконски следела и правела такви активности, МВР веднаш ќе била етикетирана како институција која ги крши човековите права.

Спонзорирано: