3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јакулески: Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите

Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите кое ни се случува откако тие дојдоа на власт, изјави на прес-конференција Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ две години не направи ништо суштински за да ги задржи младите да останат во земјата. Две години нема никаков проект, ниту мерка, за сега откако илјадници млади се иселија да излезат со проект што го нарекоа младинска картичка, а која наместо реална придобивка нуди минимални попусти во скапи локали. Секојдневно полни автобуси како од внатрешноста, така и од Скопје ја напуштаат Република Македонија. Училиштата се празнат, а амбасадите од Западна Европа годишно даваат неколку десетици илјади работни визи на наши граѓани, главно млади кои одлучуваат да работат и живеат надвор од државата“, рече Јакулески.

Тој ги обвини директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, и премиерот Зоран Заев дека се виновни за голготата низ која поминуваат младите.

„Поради неспособноста и неработата на власта, младинската невработеност во Македонија е најголема во регионот и во Европа. На младите не им требаат празни флоскули и картички за попусти, младите сакаат нормални услови за работа како нивните врсници од развиениот свет. Дарко Каевски и Зоран Заев не го овозможија ова. Дарко Каевски, Зоран Заев и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат перспектива, а не уназадување“, смета опозицијата.

Спонзорирано: