Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Диета со мед: За три дена изгубете 3 килограми

Поради големиот број хранливи состојки, медот треба да се конзумира секојдневно, а каков е за диети – дознајте сами! Нутриционистите советуваат да пред почетокот на диетата набавите и користите мед со проверен квалитет.

Ако ја следите оваа диета, можете да изгубите 2 до 3 килограми за само 3 дена!

Прв ден

Доручек: Две жолчки од јајце измешајте со лажица мед. Покрај оброкот пијте чај со лимон или кафе (без шеќер).

Ручек: 100 грама сирење + 50 грама варени моркови + 50 грама варена брокула + 50 грама варен кафриол. Се измиксајте во блендер и направете крем. Додаток – чај или кафе со една лажичка мед.

Вечера: Шолја бистра супа од зеленчук, кришка интегрален леб и 1 јаболко/круша/портокал.

Пред да одите на спиење, испијте чај со лимон.

Втор ден

Доручек: Исто како првиот ден

Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажица мед и 100 грама сирење. Со оброкот напијте се чај со лимон или кафе.

Вечера: 150 грама риба или пилешко филе, помала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.

Трет ден

Доручек: Исто како првиот ден + едно јаболко.

Ручек: 50 грама сирење, кришка ‘ржан леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.

Вечера: 300 грама варен зеленчук, едно меко варено јајце и шолја чај со една лажица мед.

Напомена: Секој ден јадете по половина лимон!

Во тренд