Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Петок е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 јуни, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Духовден или Дуовден — еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница (грчки: πεντηκοστή, латински: pentecoste) и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во црногорското и хрватското приморје овие денови се нарекуваат и Русаље или Русаљи, а во Македонија и кај останатите Јужни Словени со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на Св. Троица.

Можеби ќе ве интересира

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците

ДЕСК

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ – Се запалил бојлер во тоалетот, интервенирала полицијата

ДЕСК

СЕРИЈА ФИЗИЧКИ ПРЕСМЕТКИ ВО СКОПЈЕ – Тепачки во Шуто Оризари, Драчево и Колонија, употребени и тврди предмети

ДЕСК