Во министерствата работат 4000 луѓе, од 143 илјади бројна администрација, соопшти Заев во вечерашното гостување на МРТ најавувајќи дека ќе има реорганизација на администрацијата.
Министерот за информатичко општество и администрација Дајман Манчевски потенцираше дека за прв пат е објавена реалната бројка во администрација.
16.000 луѓе се во централна власт, останатото до 143 илјади се здравство, локална администрација, јавни претпријатија.
– Во јавната администрација ќе се соочиме со недостаток на кадар, особено сега кога почнуваат преговорите со ЕУ, рече Манчевски, кој додаде дека треба да се направи дистинкција меѓу јавната администрација и јавниот сектор.
Прв пат направивме анализа и ќе имаме конкретен предлог до крајот на годинава.
– Нереално да се очекува дека ова е список на луѓе кои ќе ги отпуштиме. Ние нема да отпуштаме луѓе. Предвидуваме вин вин ситуација со социјални пакети.
Приватните фирми ќе имаат бенефит што ќе добијат квалификуван кадар и поддршка за социјалните придонеси, додека вработениот добива поголема сигурност за работното место, рече Манчевски.
Многу е покорисно сите да си го најдат своето место, во многу сектори приватниот сектор има повисоки плати од јавниот сектор.
За прв пат има политичка волја за да се реши проблемот со администрацијата, соопшти Манчевски на вечерашното гостување на МТВ по повод две години Влада.