Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Трипуновски: Над 4.300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци се без наводнување

Додека Љупчо Николовски менува функции, а Зоран Заев шета по црвени теписи, над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци се без наводнување, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако сезона за наводнување вообичаено започнува околу 15-ти април, речиси на целото подрачје на територија на Подружница Овче Поле која го опфаќа регионот од Балван до Каратманово, не може да се испорача вода за наводнување. Наводнувањето на земјоделските посеви во Овче Поле е неопходно. Доколку нема наводнување, земјоделските приноси значително ќе се намалат, а земјоделското производство ќе стане речиси неисплатливо“, рече тој.

Љупчо Николовски и Зоран Заев, истакна Трипуновски, мора да одговорат зошто земјоделците во светиниколско два месеци немаат вода за наводнување. Тој прашува кој ќе ја покрие штетата од намалените приноси а земјоделците ќе претрпат огромни загуби?

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +