10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZТОП ВЕСТИ

(Видео) Трејси Морган имаше сообраќајка со автомобилот што го купил пред 15 минути

Комичарот и актер Трејси Морган (50) купи нов автомобил, „бугати вејрон гранд спорт“ во вторникот, а 15 минути подоцна тој учествуваше во сообраќајна несреќа, објави ТМЗ.

Трејси се возеше низ Менхетен кога на семафор се судри со „хонда ЦР-В“. По несреќата, Морган излегол од автомобилот и ја удирал „хондата“.

„Излегувај од автомобилот“, ѝ викал актерот на возачката, а потоа нагласил дека „бугатито“ само што го купил и платил 2 милиони долари.

Додека девојката се оправдувала дека Трејси удрил во неа, сведокот тврди дека ситуацијата е обратна. Морган потоа контактирал со пријателите преку социјални мрежи и објаснил дека е сосема во ред, но не е сигурен за неговиот нов автомобил.

Спонзорирано: