Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АМСМ: Благодарност до граѓаните кои беа трпеливи за користењето на новиот автопат

Oд вчера, 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци, потсетува Автомотосојузот на Македонија.

Оттука апелираат до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

„Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница“, велат од АМСМ.

Инаку од АМСМ во редовниот извештај за состојбата на патиштата информираат дека во моментов интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК