3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

7000 денари за секое новороденче

Сто семејства од општина Центар добија решенија за остварување на правото за користење еднократна парична помош за новороденче.

Средствата во висина од 7.000 денари Општина Центар ги доделува како првична поддршка на родителите кои се жители на општина Центар и имаат принова во семејството.

На настанот присуствуваа и претставници на компании и здруженија со кои Општина Центар потпиша меморандум за соработка, а со кој се официјализира придонесот на компаниите во овој општестевно одговорен проект.

Меморандумот за соработка беше потпишан со неколку компании и организаиции, кои во оваа пригода поделија производи и услуги на семејствата со принова. Фармацевтска компанија додели вредносни ваучери во износ од 1.000 денари, друга компанија додели пакети со производи со органска козметика за бебиња, „Женски центар Астарта“ – бесплатни часови за јога и совети за доење на новороденчињата, а Банката за храна обезбеди кашички за бебе.

Во согласност со правилникот за добивање парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во општина Центар, фотокопија од извод од Матичната книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Спонзорирано: