Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Правивме важни реформи во одбраната, го покачивме буџетот и платите за војниците

Министерката Радмила Шекеринска на форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, кој се одржува денеска во сала Милениум 1, во хотел Холидеј Ин во Скопје, рече дека за прв пат по неколку години припадниците на Армијата како и другите вработени во одбрана имат подобри ислови и покачени плати.

Владата на Република Северна Македонија како и Министерството за Одбрана донесоа и изгласаа важни стратешки документи за реформи во одбраната, кои го забрзаа процесот на интеграции, а драстично ги променија и условите во овој сектор.

„Во министерството за одбрана нечекајќи политички сигнал однадвор го рестартувавме процесот на одбранбени реформи. Ја изработивме стратегијата за одбрана, а Владата веќе го усвои долгорочниот план за одбрана, заедно со план за модернизација на одбранбените сили. По 10 годишно намалување на одбранбениот буџет, втора година по ред истиот е развоен, реформски и оди на нагорна линија. Уште на почетокот на 2018 година ги покачивмње за платите за сите врабитени во Армијата, а од септември годинава и за нив и за сите вработени во Министерството за одбрана, како останатиот дел во администрацијата ќе ги зголемиме за уште 5 проценти“, додаде Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

C +

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +