Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Автобус полн со патници излетал од патот кај Матка, има неколку повредени

Тројца патници биле повредени откако автобус на ЈСП вчера излетал од патот кон Матка.

Според информациите на МВР, вчера во 18:40 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Долно Матка – село Горно Матка автобус на ЈСП, управуван од М.Б.(55) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од село Матка и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. Причните засега не се познати.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК