Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Си зела кредит на туѓо име, пазарела со неговата картичка, а потоа извадила и кеш

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 34 годишна жителка на Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на лични податоци“ и ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 04.01.2018 година во Кавадарци, во простории на финансиско друштво, пријавената, без согласност од С.Ѓ. од Кавадарци, аплицирала за потрошувачки кредит и ги навела неговите лични податоци, по што му бил одобрен потрошувачки кредит во износ од 12.000 денари.

По ова, на 09.01.2018 и 12.01.2018 година од банкомат во Кавадарци, пријавената од банкарската картичка на С.Ѓ. подигнала 10.000 денари, а потоа во маркет во Неготино со истата банкарска картичка извршила две трансакции.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК