Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија автомобил и трактор, едно лице се здоби со тешки повреди

Вчера напладне на локалниот пат Велес – село Бузалково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило со велешки регистарски ознак и трактор без регистарски ознаки.

МВР соопшти дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот кој по укажаната лекарска помош во Градската болница Велес бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во тракторот имало и сопатничка, која се здобила со телесни повреди, а во велешката болница помош му била укажана и на возачот на автомобилот.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК