27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Обвинение за Босанец – ја заклучил партнерката во стан во Скопје и цела ноќ ја малтретирал

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против босански државјанин кој ја заклучил партнерката во стан во Скопје и цела ноќ ја малтретирал. Тој ќе одговара за телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и противправно лишување од слобода од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, државјанин на Босна и Херцеговина, при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена девојката со која живеел во вонбрачна заедница во Шведска.

Тие во мај годинава дошле во земјава за да склучат брак.Зеле под закуп стан во Скопје во кој обвинетиот, вечерта на 23 мај во 23 часот, ја заклучил невенчаната сопруга, по што го фрлил клучот и и ги земал мобилните телефони за да не може да бара помош. Потоа започнал да ја удира и да ја турка. Ја малтретирал до 5.30 часот изутрината, поради што таа се здобила со видливи повреди по телото.

,,Заедно со обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор, која беше определена од страна на Судија на претходна постапка на 25 мај 2019 година”, соопшти обвинителството.