Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Заев влегува во опасна авантура со пуштањето снимки во јавноста

„Зоран Заев и неговите политики на внатрешен и надворешен план се целосно поразени. Во земјата владеат беззаконите, корупција и криминал, во името на евро-атланските политики и за некаков идеен проект на ЕУ ги избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, а овие политики на европските избори доживеаја дебакл”, соопшти Единствена Македонија.

Партијата вели дека ги разбира причините за очајничкот обид на марионетата Заев да ја замајува јавноста со т.н. „метла“, но очигледно не му е доволна да ги прикрие неговите промашени политики и секојдневни афери.

„Зоран Заев сега влегува во опасна авантура за дневно-политички цели и интереси.
Единствена Македонија дојде до информации дека снимките што се пуштаат во јавноста потекнуваат од Заев, кој преку соработници на Службата за државна безбедност ги пушта по потреба во определно време и точно определена цел. Сè започна пред повеќе од месец дена кога беа пуштени снимки од еден од најелитните соработници на службата со преку 30-годишна кодошка кариера и основоположник на урбаната мафија во Македонија, а кој полицијата божем го приведува и го гони за да продолжи оваа удбашка ситуација деновиве со нови ликови.

Објавуваните снимки од „Никола Тесла“, „Илија Громовник“, „Ел Чека“… се најперфидна конструкција и направија на Службата за државна безбедност со знаење на Зоран Заев. Излегува на виделина дека марионетата Заев своевремено задржал примерок од фајловите со нелегално прислушуваните разговори кои ги предаде на специјалното обвинителство. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе даде одговор на овие прашања како врвна должност кон македонската јавност”, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК