Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кремљ ги отфрла тврдењата на Пентагон дека Русија ја прекршила забраната за нуклеарно тестирање

Рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков одби да ги коментира забелешките на директорот на американската агенција за домашно разузнавање, Роберт Ешли Џуниор, кој тврди дека Русија веројатно изведува нуклеарни тестирања, пренесува ТАСС.

„Не, не можам да коментирам за таа изјава. Не знам на што се темели. Освен тоа, нашето МНР веќе даде неколку одговори”, рече портпаролот на Кремљ.

Песков, исто така, ги повика новинарите да се повикаат на одговорите на руското МНР.

Во изјавата во институтот „Хадсон“ во Вашингтон, Ешли во средата рече дека Русија најверојатно нема да се придржува до мораториумот за нуклеарни тестирања .

Меѓутоа, тој се обиде да избегне директен одговор кога беше побарано да разјасни дали САД веруваaт дека Русија всушност ги спроведува таквите тестови. Тој само посочи дека, според него, Русија има способност да го стори тоа.

Мораториумот за нуклеарно тестирање е на сила во Русија речиси три децении. Последниот таков тест бешеизведен на локацијата за тестирање „Новаја земја“ на 24 октомври 1990 година.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +