Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДОМ: Очекуваме ЕУ да го исполни ветеното

ДОМ го поздравува десеттиот позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија и препораката за започнување преговори за пристапување кон ЕУ. Партијата очекува во јуни ЕУ да го исполни ветеното и зборот да биде збор, зашто Македонија ги има исполнето сите зададени услови уште од минатата година.

„Европскиот совет во јуни 2018 донесе заклучок дека датум за преговори ќе се добие во јуни 2019 година. Евентуалното пролонгирање на датумот би било големо разочарување за сите демократски граѓани на Македонија, кои ги негуваат и почитуваат европските вредности.
Почетокот на преговорите со ЕУ ќе биде награда за вложените напори и стимул за нови постигнувања во насока на изградба на прогресивно демократско општество со високи стандарди за живеење. Свесни сме дека има уште доста пат и работа пред нас, но заслужуваме процесот да започне”, соопшти партијата.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК