20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Понудил 100 милијарди евра за три хектари земјиште во Македонија

За да добие државно земјиште од 3 хектари на јавно наддавање, земјоделец понудил дури 100 милијарди евра, објави телевизијата Алсат-М.

Неговата понуда била избрана како најповолна и му било понудено да потпише договор со државата. Но, договорот тој никогаш не го потпишал. Земјиштето останало обраснато во трева. При тоа, со ваквата негова несериозна постапка, овој понудувач спречил ова земјиште да го добие некој кому навистина му требало за работа.

Случајот го објаснил Љупчо Николовски, министерот за земјделство, на прес-конференција, промовирајќи ја можноста при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот.