Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Преговорите за членство во ЕУ треба да почнат

Демократскиот сојуз смета дека Извештајот на Европската комисија е реален и одраз на реформските процеси што се одвиваат близу 30 години во Република Северна Македонија.

„Препораката, по десети пат, за започнување на преговорите на Македонија со ЕУ, мора да се ефектуира, доколку сите се држиме до објективни остварувања и принципи. Главниот предуслов за започнување на преговорите е надминат, постигнат е договор со Грција и Македонија нема други отворени прашања со соседите.

Советот на ЕУ, доколку не даде виза за почеток на преговорите, тоа треба да го образложи и да даде јасни насоки како ќе се движи овој процес понатаму. Повеќе од очигледно е дека од 2006 година блокадата од Грција на евроинтеграциските процеси на Македонија била алиби и на некои други земји. Доколку Советот на ЕУ ги блокира преговорите, треба да го преземе и ризикот од можна дестабилизација на Македонија и Балканот пошироко. Стратешки и национален интерес на Македонија е и останува членството во НАТО и ЕУ”, соопшти партијата.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК