Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи Павле Богоевски: Збогум Никола

Собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања со пет гласови „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан утврди предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој побегна и доби политички азил во Унгарија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија за предлогот, ниту гласаа за дневниот ред на седницата.

По ова се огласи Богоевски на фејсбук.

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го изгласа Предлогот за одземање на мандатот на никола груевски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа ЗА одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство.

Според Деловникот, за мандатот треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот.

Збогум Никола, напиша Богоевски.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК