Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Груевски

СДСМ ги повика сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за одземање на мандатот на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

„Законот почитувани граѓани,мора да важи подеднакво за сите без исклучок. Јавноста, граѓаните ги следат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја испочитуваат сопствената одлука донесена вчера на Извршниот комитет. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да си ја врамат вчерашната одлука на Извршниот комитет затоа што тоа им е единствена нивна одлука која е во согласност со уставот и законите. За жал, мора да констатираме дека Мицкоски повторно нема храброст јавно да соопшти одлука и личен став за Никола Груевски бидејќи токму тој е неговиот ментор. Токму Груевски од Будимпешта го контролира Христијан Мицковски“, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК