Centar.mk
КУЛТУРА

Прво издание на меѓународниот фестивал за краток филм „ФИЛМАЈ”

Во организација на фото-кино клуб ,,Козјак” – Куманово се одржа Прво издание на меѓународниот фестивал за краток филм „ ФИЛМАЈ”. Доделувањето на наградите и фестивалската проекција на наградените и додатни издвоени филмови ќе се одржи на 29 мај (среда) во свечена сала на Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино `Напредок`) со почеток во 19.30 часот.

На овогодинешниот конкурс се пријавија 45 филма од 8 држави (Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Холандија, Турција и САД). 
Тричленото жири составено од Ивица Димитријевиќ (актер, режисер), Мартин Иванов (монтажер, режисер) и Денковски Драган (почесен член на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово) ги додели следниве признанија:
– награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија на Ото Ројшел (Otto Reuschel) за филмот `Риски` (`RISKI`)
– награда `Радислав Ристевски` за најдобра кинематографија за Росен Савков за филмот `Тими` (`Timmy`)
– награда `Козјак` за најдобро сценарио за Лидија Мојсовска за `Награда` (`Тhe Award`).

Додатни дипломи за особено признание е одлучено да се додели на следниве филмови: `ХАКИЕ – ХАКИ . Живеејќи како маж` на Анабела Ангеловска, `Запирка` на Сезер Салихи, `Мишко` на Ханис Багашов, и `Заб` на Ајдин Ислами. Седумте филма ќе бидат прикажани во фестивалската вечер на 29 мај. Влезот ќе биде слободен (бесплатен) за сите посетители.

Можеби ќе ве интересира

„Мисли на македонски, читај домашно“ завршува со голема донација: Книги од „Матица“ за сите одлични ученици во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“

ДЕСК

Близу осумдесет ученици на средба со Стојан Тарапуза во „Матица“: книжарницата како простор за поезија, прашања и радост од читањето

ДЕСК

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

ДЕСК