Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

20-годишна девојка во Неготинско тешко повредена со сообраќајка

20-годишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Неготинско. Според полицијата, вчера во 23:20 часот во село Пепелиште, Неготинско, патничко возило „ауди“, управувано од К.Д.(18) од с.Пепелиште, удрило во пешакот С.А.(20) од село Пепелиште.

Притоа, С.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот дом во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК