Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сонцето се враќа, ама за кратко – Од понеделник ново невреме

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 26.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 22°С до 29°C
Сончево со мала до умерена облачност и топло со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Прогноза за 27.05.2019
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи, особено во западните делови. Ќе дува засилен југоисточен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 28.05.2019
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево со мала до умерена облачност и топло. Попладне во западните делови со локален пороен дожд. Ќе дува засилен јужен ветер, особено вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +