Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија близу Охрид: Во тешката сообраќајка има еден загинат

Дваесет и осумгодишен мотоциклист почина во сообраќајната несреќа што се случи на патот Кичево-Охрид, кај селото Другово.

Обвинителството јави дека во несреќата учествувале мотоциклистот и товарно возило.

„Товарното моторно возило со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и починал на пат кон медицинска установа во Скопје. Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Кичево извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за проверка на крв кај возачот на товарното моторно возило и за обдукција на починатото лице. Извршена е и фотодокументација на местото на настанот“, велат од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК