Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за експремиерот Никола Груевски на листата на Интерпол.

Тој изрази очекување дека состојбата ќе биде решена многу бргу, а за тоа, како што рече, задолжена е обвинителката Вилма Русковска.

„Не ми е познато како напредува во тој дел, но верувам дека нема законски или какви било пречки за објавување на потерницата“, рече Јовески.

Јавниот обвинител по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Академијата за судии и обвинители, ЈОРМ и ОБСЕ/ОДИХР беше запрашан дали до крајот на мај ќе има обвинение, на што одговори дека во оваа фаза не може да се говори за тоа.

„Во овој момент може да се говори бидејќи истражната постапка е при крај, па кога ќе заврши, ќе се знае каква одлука ќе донесе Јавното обвинителство. Дали ќе поднесе обвинение или ќе донесе друг вид јавнообвинителска одлука“, рече Јовески додавајќи дека не сака да се прејудицираат работите во моментот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

ДЕСК