Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богоевски: Вредностите се над функцијата

Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот Facebook профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата.

„Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!“, наведе во постот Богоевски.

На денешната седница на собраниската Комисија требаше да се расправа за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски.

Богоевски рече дека оставката ќе ја активира откако на пленарна седница ќе му биде одземен мандатот на Груевски, а седницата на собраниската Комисија по ова прашање ќе ја презакаже.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +