23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МЗШВ: До 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од руралните средини

На вчерашната седница на Владата беше изгласана измената на начинот за остварување на правото за користење на мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство“, која е дел од Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.

Оваа мерка овозможува поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Конкретно, преку неа МЗШВ ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.

Измените се направени и по извршените консултации со Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери, оваа мерка ќе придонесе кон родова еднаквост и промовирање на принципот на недискриминација. Мерката ќе се реализира со измена на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Спонзорирано: