Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Столтенберг на дводневна посета во Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат Република Македонија.

Столтенберг и членовите на Советот за време на дводневниот престој во земјава ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО. Советот ги надгледуваа политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса. Го сочинуваат претставници на сите земји членки, а претседавач е генералниот секретар.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК