Centar.mk
БИЗНИС

Во понеделник нови цени на горивата – Од сега ќе се цените ќе се менуваат еднаш неделно

Еднаш неделно, секој работен понеделник ќе бидат утврдувани новите цени на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, предвидува новото законско решение.

Завршува периодот од две недели во кој компаниите сами одлучуваа по кои цени да се продава нафтата.

Веќе следниот понеделник регулаторна комисија ќе ги објави најновите цени кои ќе важат низ целата земја.

Во изминатиов период цената на горивата во земјава порасна, пред се поради силниот скок на нафтата на светските берзи.

Токму цената на нафтата на светските берзи и односно на доларот кон македонскиот денар ќе бидат одлучувачки фактори при утврдувањето на новите цени.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК