Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајка во Кавадарци тешко повреден 23-годишен мотоциклист

Сообраќајна несреќа во која тешко повреден е возач на мопед се случила во Кавадарци, во попладневните часови на 19 мај.

Како што информираат од МВР, на крстосницата од улиците „Западен булевар“ и „Вишешница“ се судриле автомобил „шевролет“ управуван од 19-годишник од Кавадарци и мопед „канга“ управуван од 23-годишен жител на истиот град.

Од ударот, возачот на мопедот добил тешки повреди и бил пренесен во болница во Кавадарци, а по укажаната помош бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК