Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај се случила тешка сообраќајна незгода во која животот го загубил 61-годишен жител од Босилово.

Како што информираат од МВР, 61-годишникот управувал автомобил „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки, при што во еден момент излетал од патот и удрил во дрво.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

СОПРУГАТА ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛА, СПОРЕД НЕГОВАТА ПРИЈАВА – 59-годишен скопјанец побарал полициска интервенција

ДЕСК

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ ДВЕ ЖЕНИ ВО КИСЕЛА ВОДА – Претходна расправија завршила со нарушување на јавниот ред и мир

ДЕСК

ЗАКАНИ ПРЕКУ СМС-ПОРАКИ ВО ДЕБАР – 67-годишен маж доби кривична пријава поради пораки испратени до 30-годишник

ДЕСК