15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Функционерите велат ја научиле лекцијата, но никој не дава оставка, чекаат деспотот што ќе одлучи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

Тој посочи дека и тука како и низ целата држава граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите.

„Нивните функционери велат ја научиле лекцијата од минатиот период на неработа, дека ја примиле пораката, дека ќе следуваат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат“, истакна Мицкоски на средбата.

Лидерот на опозициската партија рече и дека власта на чело со Зоран Заев нема морален компас.

„За овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои, туку единствено се заинтересирани за бенефициите кои ги носат функциите и позициите. Затоа ова мора да се смени, а вистинската метла е во рацете на граѓаните кои ќе расчистат со криминалната и неспособната власт на следните избори“, порача тој.

Спонзорирано: