11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Николовски: Преземаме мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

Во пресрет на Меѓународниот ден на пчелите, 20 Мај, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерката за земјоделство, шумарство и прехрана на Република Словенија Александра Пивец, амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, и градоначалникот на Охрид, Константин Ѓеоргиески, беа во посета на основното училиште „Братство единство“ во Охрид.

Министерот Николовски на младите им го објасни огромното биолошко значење на пчелите, процесот на опрашување и пчелните производи, како медот, прополисот, матичниот млеч, поленот, кои изобилуваат со витамини и кои се неопходни, особено за младите во развој. Николовски пред основците ја потенцираше важноста за зачувување и негување на пчелите бидејќи нивните производи не можат да се добијат во фармацевтските лаборатории.

„Ние треба да сториме сé што е во наша моќ за да ги прифатиме и поддржуваме пчелините семејства, но и луѓето во нашите земји кои се грижат токму за нив. Ваквата лекција треба да ја научиме од најмали нозе и да ја кажуваме на сите околу нас. Одговорното однесување кон природата и сите позитивни промени почнуваат токму кај најмладите генерации“, изјави Николовски.

Денес бројот на пчелни семејства во Македонија е околу 90.000. Неодамнешните студии покажуваат дека нашата македонска автохтона пчела преживува значително подолго од новововедените видови во овој регион, без третмани против патогени.

„Владата на Република Македонија преку Министерството што е надлежно презема низа мерки и политики за заштита на пчелите и развојот на оваа значајна гранка. Минатата година потпишавме и декларација со која се обврзуваме на сите овие цели, но и на подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачи во зголемување на приходите во земјоделство и во зачувувањето на здравата животната средина“, додаде Николовски.

Спонзорирано: