Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Апелација ќе одлучува по жалбите на осудените за Дива населба

Апелацискиот суд Скопје денеска и утре ќе ги разгледува жалбите на 33-та осудени лица за терористичкиот акт во кумановската Дива населба што се случи пред четири години.

Со првостепената пресуда донесена во 2017 година седуммина добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години затвор. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите.

Во вооружената престрелка на 9 и 10 мај беа убиени осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба. На страната на терористите на самото место беа пронајдени 10 мртви тела во униформи. По извршената обдукција, беше потврдено дека се убиени девет косовски и еден македонски државјанин.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК