14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: СДСМ е симбол за уништување на земјоделството во Македонија

СДСМ е симбол за уништување на земјоделството во Македонија. Во најлошата сезона за земјоделството – владеењето на картелот на Заеви, наместо на помош и вртење кон земјоделците – власта си замина на одмор. И премиерот и министерот, поважни им се фотографии од странство – кој на мотор кој со старлети, од проблемите на земјоделците, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пари за ресенските овоштари нема, ама има за обезбедувањетo на Заев при неговите лудории во странство. Се сечат јаболкниците, а килограм јаболка чини половина денар. Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец чиј што труд не остана на отпад. Ама на Заев поважно му е да вози мотори по соседните држави. Ништо поразлично не е однесување кон земјоделците ниту од ресорниот министер, Љупчо Николовски. Наместо да ги решава проблемите на пример на оризопроизводителите од кочанско, да го решава проблемот со водоснабдувањето на оризовите полиња, тој ја исполнува задачата – да ја анимира, да ја шета кумашинката на Заев. Па така, наместо да се фотографира со оризопроизводителите, кои што ги излажа и им ветуваше дека цената за откуп на арпата ќе биде 25 денари, а белиот ориз 60 денари сега наместо да е со нив, тој низ Европа шета и се фотографира со струмички старлети. Николовски се слика со старлети, Заев се вози со мотори по планини, а оризопроизводителите немаат вода за да ја почнат навремена својата сеидба“, рече тој.

Спонзорирано: