Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Обид за силување во Струга

фото Centar.mk

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат разбојништво и да ја силуваат вработената во обложувалницата што сакале да ја ограбат.

Настанот се случил на 31 декември 2018 година кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да извршат силување и да ѝ го одземат клучот од касата. Жената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на вработената, тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.

„Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот тоа делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош”, соопшти обвинителството.

Во тренд…